Трамп објаснил: Не сум фан на криптовалутите! А ако Фејсбук сака да биде и банка, вака ќе направиме!

Точка

12/07/2019

16:37

3.444

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп порачал дека не е фан на криптовалутите и дека на Фејсбук можеби ќе му биде потребна банкарска дозвола ако таа компанија сака да лансира сопствен дигитален токен.

Во серијата постови на Твитер, Трамп напишал дека криптовалутите не се пари и дека "нерегулирани крипто активи може да го олеснат незаконското однесување, вклучувајќи и трговија со дрога и други незаконски активности". 

"Ако Фејсбук и другите компании сакаат да станат банки, тие мораат да бараат банкарска дозвола и да станат дел од сите банкарски прописи", навел тој, пренесува "CNBC".

Криптовалутите "не се пари и нивната вредност е многу нестабилна", и затоа "доверливиот" американски долар треба да биде една и единствена реална валута во САД, порачал американскиот претседател.

"Тоа е далеку најдоминантна валута било каде во светот, и секогаш ќе остане така. Таа се вика американски долар", напишал Трамп.

Американскиот претседател, меѓутоа, не е единствен кој го критикувал планот на Фејсбук да воведе сопствена криптовалута. Претседателот на Американската Управа за федерални резерви, Џером Пауел, францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер и гувернерот на Централната банка на Англија Марк Карни, се наоѓаат меѓу владините службеници и шефови на централни банки кои зборувале против "Либра", криптовалутата на Фејсбук.

Од Фејсбук одбиле да ги коментираат постовите на Трамп на Твитер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг