Гнабри: И покрај сите проблеми, освоивме двојна круна

Точка

12/07/2019

15:35

815

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен ја освои титулата во Бундес лигата и Купот на Германија, меѓутоа многумина сметаат дека Баварците можеле да направат повеќе во Лигата на шампионите.

Во текот на минатата сезона Нико Ковач се најде на голем удар на германската јавност и навивачите, но Серж Гнабри смета дека нема што да му се замери на тренерот.

„Не мислам дека разочаравме. Во Лигата на шампионите бевме елиминирани од Ливерпул кои подоцна станаа шампиони“, изјави Гнабри и додаде:

„Баерн е поинаков клуб. И покрај сите проблеми, освоивме двојна круна. Не можете да го обвинувате Ковач“, изјави Гнабри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг