Фејсбук добро ги познава своите корисници и затоа им подготвува “брдо“ нови апликации

Точка

12/07/2019

15:31

574

Големина на фонт

а а а

Компанијата Фејбук формирала нов NPE (New product experimentation) тим, кој во претстојните месеци треба да претстави голем број нови апликации.

Тимот би требало да осмисли и да пласира апликации кои на корисниците ќе им „дадат потполно ново искуство во создавање заедница“.

Деталите сè уште не се соопштени, но се знае дека некои од нив ќе бидат бесплатни, додека други ќе се плаќаат и ќе имаат можност за купувања во самата апликација.

Првите NPE апликации можат да се очекуваат веќе во наредните неколку недели, а ќе бидат дистрибуирани преку Google Play и App Store.

Овој потег на Фејсбук претставува уште еден во низата со обиди на компанијата да се „одвои“ од својата социјална мрежа, која неколку години наназад трпи остри критики и казни поради кршење на приватноста на корисниците и безбедносните пропусти.

Досега, Фејсбук, освен Месинџер, не успал да развие и да пласира ниту една нова апликација која имала успех и била прифатена од страна на корисниците.

Со оглед на тоа дека Фејбук сè уште има 2,38 милијарди активни корисници месечно, сосема е сигурно дека има добар увид на нивните интереси и потреби. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг