По прилогот на штипската телевизија, еутанизирано кучето со болви - Анима Мунди бара кривична одговорност

Точка

12/07/2019

15:09

2.280

Големина на фонт

а а а

Пред два дена, ТВ Стар објави прилог за бездомно куче, кое во “заложништво” држело семејство во Штип. Во прилогот се наведува дека кучето повремено било агресивно, но и дека претставувало опасност за околината поради болести и присуството на голем број крлежи.

Иако дел од локалните жители тврдат дека кучето кое го нарекувале Бренда било мирно и мило, а голем број од нив и секојдневно го хранеле, потресената станарка на видеото тврди дека животното претставувало огромен проблем со кој не знаеле како да се справат. 

Денеска во медиумите се појави вест во која пишува дека Бренда била еутанизирана од страна на надлежните општински органи, а истата предизвика бурни реакции во јавноста. Невладината организација “Анима Мунди” бара кривична одговорност, поставувајќи го прашањето зошто кучето било убиено, наместо да се третирало со ампули:

“Ова ли е хуманиот третман на животните кој го вети Владата на Република Северна Македонија, сите градоначалници; со кој добивте огромна поддршка од љубителите на животни на избори? Ниту забрана за еутаназија, ниту полиција за животни, ниту активисти да управуваат со стационари, ниту коњите спасени, хорор сцени секојдневно на улиците – се ветивте, НИШТО не исполнивте!”, е само дел од објавата на нивната Фејсбук страница.

Преку Фејсбук се огласи и лице кое тврди дека е вработено во ветеринарната станица во Штип и кое како претставник на прифатилиштето, со полна одговорност тврди дека секое животно кое претставува закана по животите и здравјето на граѓаните ќе биде нештетно отстрането.


Корисниците на социјалните мрежи велат дека основната цел на медиумите е да ја покренат јавната свест, но дека прилогот на штипската телевизија довел до убивање на невино животно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг