Бесмислени панталони кои ова лето ќе бидат главен тренд на плажите: “Каква е оваа шега?”

Кармин

12/07/2019

14:28

3.100

Големина на фонт

а а а

Интернет продавницата “Pretty Little Things” продава необични панталони кои се идеални за летните забави покрај базен.

По бикинито кое го истакнува долниот дел од градите, пристигнуваат панталони кои наликуваат на оние каубојските, а истите се составени само од ногавици. Панталоните го откриваат долниот дел од костимот за капење и имаат појас околу струкот како и сите регуларни панталони. 

Моделот кој е замислен како одличен моден детаљ за забава покрај базен или море се толку долги што секоја дама која ќе ги носи, ќе мора добро да внимава за да не се сопне при одењето.

Модните блогерки веќе го носат ова парче облека кое најчесто го комбинираат со црно бикини, а мораме да признаеме дека (барем на нив) делува многу модерно.


Сепак, постојат и жени кои сметаат дека ова парче гардероба е бесмислено:

“Каква е оваа шега?”, напишала една корисничка, а многумина се согласиле со неа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг