Еден клуб и дефинитивно го откажа интересот за Пол Погба, за Французинот останува само уште една опција

Дерби

12/07/2019

13:27

1.102

Големина на фонт

а а а

Трансфер сагата поврзана со Пол Погба секојдневно, по неколку пати ги полни светските спортски медиуми.

„Дејли Мејл“ во своето денешно издание пишува дека Јувентус го откажал интересот за Пол Погба затоа што не планирал да плати ништо повеќе над 90 милиони фунти, сума која ни од далеку не е прифатлива за Манчестер Јунајтед.

Тоа го прави тимот на Реал Мадрид најсериозен кандидат за неговиот потпис, меѓутоа и „кралевите“ се во небрано затоа што веќе потрошија значителен дел средства, па за да го ангажираат Погба најпрво ќе мора да се ослободат од неколку фудбалери за да не ги прекршат правилата на Финансискиот фер плеј.

Англискиот медиум пренесува дека Павел Недвед лично го контактирал Мино Раиола за да му каже дека Јувентус нема да притиска за трансфер на неговиот клиент.

Тимот од Торино веќе донесе двајца одлични фудбалери од средниот ред во имињата на Арон Рамзи и Адриен Рабио.



Спонзорирани линкови

Маркетинг