Српски напаѓач со завидно интернационално искуство нов член на Работнички

Дерби

12/07/2019

13:25

356

Големина на фонт

а а а

Од таборот на Работнички денеска презентираа уште еден играч кој ги засили нивните редови во пресрет на следната сезона.

Нов фудбалер на „романтичарите“ е српскиот интернационалец Иван Марковиќ кој игра на напаѓачката позиција, а може да одговори и како офанзивен играч за врска.

25 годишниот Марковиќ во Работнички доаѓа од грчкиот клуб Каламата, а зад своето имеима запишано настапи во голем број клубови надвор од Србија.

Марковиќ потекнува од Партизан, а интернационалната кариера ја градел во Корона Кјелце (Полска), ЦСКА Софија (Бугарија), Левадијакос (Грција), Черно Море (Бугарија), Геонгам (Кореја), Ескилстуна (Шведска). Во Србија настапувал за тимовите на Вождовац и Раднички.



Спонзорирани линкови

Маркетинг