Фотографија која ќе ве остави без здив: Рис “уловен” во Националниот парк Маврово

Точка

12/07/2019

12:07

2.941

Големина на фонт

а а а

На Фејсбук страницата на Националниот парк Маврово, утрово се појави фотографија од рис направена со помош на фотозамки.

Фотографијата е направена во рамки на проектот за закрепнување на Балканскиот рис кој се реализира во соработка со Македонското еколошко друштво. 

Погледнете како изгледа овој убавец:

Балканскиот рис е национален симбол на Македонија и се наоѓа на монетата од пет денари. Во минатото, рисот бил распространет на целата територија во западните и јужните делови на Македонија, како и на некои планини во источна Македонија. Денес, тој сè уште се смета за критично загрозен вид.

Со влошување на животните услови, Балканскиот рис целосно исчезнал од источните делови, така што денес може да се најде само во густите шуми и недопрени области во Западна Македонија. Последните податоци за рис во Источна Македонија се од 1924 година на планината Плачковица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг