Како на акционите филмови: Американски војници скокнаа на подморница на нарко картел – извлечени 7 тони кокаин

Точка

12/07/2019

11:57

3.569

Големина на фонт

а а а

Американската Крајбрежна стража објави неверојатна снимка од „бркотницата“ која ја имаше со подморница на нарко картел во која се криумчареа 7 тони кокаин.

Имено, на снимката може да се види како патролен чамец на Крајбрежната стража пресретнува таканаречена „полуподморница“ на нарко картел која плови на површината на источниот Пацифик, по што врз неа скокаат припадници на Крајбрежната стража во полна воена опрема и извлекуваат едно лице.

Како што пренесуваат американските медиуми, во оваа акција американската Крајбрежна стража во подморницата од „домашно производство“ пронашла 7250 килограми кокаин чија што вредност се проценува на 500 милиони долари.

Откако војниците бараат подморницата да сопре, тие неколку моменти подоцна вршат вистински десант на подморницата. Американските медиуми пренесуваат дека во акцијата од импровизираното пловило биле извлечени пет лица.

Како што пренесува „СиЕнЕн“, во последните четири години е забележан драматичен пораст на таканаречените „полуподморници“ (не нурнуваат целосно под површината на морето), а со чија што помош нарко картелите криумчарат огромни количини на дрога од Средна и Јужна Америка во САД.

Сепак, ваквите пловила се многу ретки затоа што се многу скапи и тешко изводливи длабоко во џунглата. Откако ќе се наполнат со дрога, практично е невозможно да бидат забележани без претходна дојава или помош од авион.


„Најголемиот дел од пловилото е под вода. Тие се обоени во сино, па тешко е да се забележат во водата“, изјави поручникот Стефен Брики за „СиЕнЕн“.

Дури и доколку Крајбрежната стража на САД ги забележи овие пловила, тие имаат само неколку минути за да ги фатат, со оглед на тоа што секоја од овие „полуподморници“ може да се потопи за само неколку минути и така да ги уништи доказите. Криумчарите не се плашеле да ја применат таа радикална опција затоа што знаат дека Крајбрежната стража ќе ги спаси.



Спонзорирани линкови

Маркетинг