За лидерот не важат тие правила: Ким направил нешто за што во Северна Кореја е предвидена егзекуција

Точка

12/07/2019

15:43

4.945

Големина на фонт

а а а

Целиот свет остана шокиран откако од Северна Кореја пристигна веста дека Ким Јонг Ун наредил ликвидација на неколку генерали затоа што биле поспани на состанок.

Сега, тоа му се случи токму на лидерот на Северна Кореја, меѓутоа лидерот нема кој да го казни и правилата очигледно не важат за сите.

Севернокорејскиот лидер присуствувал на церемонија посветена на неговиот дедо Ким Ил Сунг, некогашниот претседател на Северна Кореја. За време на церемонијата, Ким Јонг Ун едвај успевал да остане буден.


Сепак, во еден момент тоа станало премногу очигледно – главата му се наведнала и веројатно сонот конечно го совладал. После извесно време се разбудил и збунето ги гледал луѓето околу него.

Покрај тоа што задремал на церемонијата, Ким Јонг Ун направил уште една „грешка“. Тој не почнал да дава аплауз заедно со сите, а бил и прв кој престанал да аплаудира.


Британски „Мирор“ потсетува дека севернокорејските граѓани кои што успеале да побегнат од земјата, раскажуваат дека секој кој што сака да спаси глава, мора да му аплаудира на Ким и да извикува „Да живее долго“. Во спротивно, ќе се смета дека не е доволно посветен на доктрината на семејството Ким.



Спонзорирани линкови

Маркетинг