Путин и Зеленски разговараа за првпат

Макфакс

11/07/2019

21:57

1.780

Големина на фонт

а а а

Претседателите на Украина и на Русија, Володомир Зеленски и Владимир Путин, разговараа телефонски за украинските морнари, кои во ноември лани беа уапсени во Керчкиот теснец.

„Главна тема беше ослободувањето на уапсените украински морнари. Исто така, разговараа и за ослободување на други Украинци кое моментно се затворени во Русија“, соопштија од кабинетот на Зеленски.

Од Кремљ соопштија дека Путин и Зеленски разговарале за прашања врзани за решавање на судирот на југоистокот на Украина и за заедничко враќање на затвореници од двете страни.

Тасс наведува дека ова е прв разговор меѓу Путин и Зеленски откако тој дојде на местото претседател на Украина на 30 мај.

Претходно, Путин порача дека Русија е спремна за разговори со украинските власти во било кој формат, но дека прво треба да се почека формирање на влада во Киев.

Односите меѓу Украина и Русија се нарушени од побуната во Украина во 2013 година која доведе до пад и бегство на тогашниот украински претседател, Виктор Јанукович.



Спонзорирани линкови

Маркетинг