Американски пилот признал дека руските борбени авиони се надмоќни: Подобро да молчел, сега е доцна, ги открил сите мани на F-15 во однос на SU-35

Точка

11/07/2019

21:11

7.692

Големина на фонт

а а а

Рускиот ловечки авион SU-35 е надмоќен во однос на американскиот F-15 и има повеќе шанси за победа во воздушен дуел, признаваат американските воени експерти.

Според зборовите на поранешниот американски воен пилот Дарио Леоне, и едниот и другиот авион се летала кои претставуваат вистински небесни ѕверови. Рускиот "Sukhoi" е многу помлад авион од својот американски конкурент. Двата авиони имаат слични летечко-технички карактеристики, со тоа што F-15 е нешто побрз кога се работи за максимална брзина, додека од друга страна SU-35 може да достигне брзина на звук без дополнително согорување. 

На подзвучни брзини рускиот авион има клучна предност во однос на F-15. Тоа пред се се неговите единствени маневарски карактеристики и управливост на летот, благодарение на променливиот вектор на потиснување.

"Нишанскиот систем кој се наоѓа на визирот на пилотската кацига како и софистицираните ракети со краток дострел од класата воздух-воздух AIM-9X и R-73, ги прават многу опасни во блиска воздушна битка", пишува Леоне во својот текст.+

Според неговите зборови, во борбата на големи далечини предност му дава на американскиот ловец кој има поквалитетен радар "Raytheon APG-63", кој ги надминува перформансите на рускиот радар NO35 вграден во SU-35. Меѓутоа, рускиот авион поседува дополнителен систем за следење во инфрацрвен спектар, па 35-ката може на далечини од 85 километри да детектира минимален одраз кој го создаваат авионите од петтата генерација. Слична опрема во блиска иднина ќе се вгради и на американските ловци.

"Американскиот ловец, меѓутоа, нема никакви шанси кога станува збор за противелектронска борба", констатира поранешниот американски пилот. Иако американскиот авион поради моќниот радар може прв да го забележи SU-35 и да лансира ракети кон него, тоа сепак не е гаранција дека ќе го погоди, бидејќи рускиот авион има моќен систем за противелектронска заштита.

"Во теорија може да се собори Сухојот, но за такво нешто мора да имате поголем број на ракети, од тоа што го планирале конструкторите на американскиот "орел"", вели Леоне.

"Исто така, SU-35 има побогат арсенал на ракети од класата воздух-воздух, кои може да ги употреби. Воздухопловните сили на САД се свесни за овој проблем, па по тој повод развиле програм за надградба на компонентите на електронските системи во вредност од 7.6 милијарди долари. И покрај овие измени, во хипотетичка борба, рускиот авион е во предност", завршува Дарио Леоне.



Спонзорирани линкови

Маркетинг