Халкидики по страшното невреме во кое загинаа седум лица

Макфакс

11/07/2019

20:09

3.068

Големина на фонт

а а а

Најмалку седум луѓе, меѓу кои шест туристи, загинаа во невремето што синоќа го зафати грчкиот полуостров Халкидики, во екот на туристичката сезона. Локалните медиуми објавија дека 120 луѓе побарале медицинска помош.

Поради нерасчистени патишта, пад на дрвја и проблеми со снабдувањето на електрична енергија во регионот, локалните власти препорачуваат луѓето во регионот да не се движат без причина додека трае расчистувањето и не се нормализира снабдувањето со струја.


Во невремето настрадаа Романка и нејзиниот осумгодишен син врз кои се урнал покрив во таверна во местото Неа Плагија. Меѓу загинатите се и двајца чешки туристи во Созополи, како и Русин и неговиот двегодишен син врз кои паднало дрво пред хотел во Неа Потидеа. Денеска било пронајдено уште едно тело, кое засега не е идентификувано.

Асоцијацијата на хотелиери соопшти дека не е забележано масовно заминување на туристите или, пак, откажување на аранжмани.





Спонзорирани линкови

Маркетинг