Се огласил Мицотакис по страшното невреме во Грција: Нема да штедиме напори во решавање на проблемите, сакам да изразам искрено сочувство до семејствата на загинатите

Точка

11/07/2019

17:47

772

Големина на фонт

а а а

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денес изјавил дека нема да штеди напори во решавање на проблемите кои настанале по силната бура на северот на Грција, во која загинале 7, а повредени биле десетина луѓе.

Мицотакис му се приклучил на министерот за надворешни работи Никос Дендијас, кој им изразил сочувство на семејствата на луѓето кои загинале во инцидентите на Халкидики. 

"Сакам да изразам искрено сочувство до семејствата на жртвите од катастрофалните бури на Халкидики и да им посакам брзо закрепнување на оние кои се хоспитализирани", напишал тој на Твитер.

Бројот на загинати пораснал на 7, а повеќе од 100 лица биле повредени во страшното невреме.

Настраданите се припадници на руска, чешка и романска националност, а сите биле таму на одмор.

Министерот за надворешни работи, Никос Дендијас им изразил сочувство на семејствата и пријателите на жртвите, како и солидарност со локалното население, велејќи дека сите работат на тоа штетата да се санира што побрзо.

Министерството за надворешни работи во изјавата навело дека е во контакт со сите амбасадори чии државјани биле погодени од оваа трагедија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг