Доаѓа нова серија, овој пат без Ланистер и Таргериен: Но, тука се Старкови

Точка

11/07/2019

16:46

4.465

Големина на фонт

а а а

Зимата е повторно тука, како и новата серија која ќе објасни како дошло до борбата за Вестерос и Железниот престол. Меѓутоа, иако никој од актерите кои ги гледавме во "Game of Thrones" нема да глумат во новата серија, чие дејствие е сместено пред борбата за Вестерос, во неа ќе има едно познато семејство - Старк.

Писателот на книгата од серијалот "Song of Ice and Fire" на Џорџ Р. Р. Мартин, според која настанал "GoT", потврдил дека ќе учествува во создавањето на новата серија во која ќе биде објаснето што се случувало илјадници години пред борбата за Железниот престол. 

"Старкови дефинитивно ќе бидат тука. Ќе бидат тука и Белите шетачи и мамутите", рекол Мартин, пренесува Enews.

Сето ова има смисла за оние кои внимателно ја гледале GoT, бидејќи сигурно забележале дека во серијата се споменуваат и потомците на Старк, првите луѓе кои владееле со Вестерос и кои го контролирале Северот, дури и откако Андалите дошле од Есос и ги нападнале.

Бидејќи дејствието на оваа серија се случува илјадници години пред настанот кој го гледавме во GoT, изгледа дека кланот Ланистер овој пат нема да го гледаме.

Тоа што сигурно ќе го гледаме е уништувањето на златниот период на херои и преминот во најмрачниот период. Најверојатно ќе гледаме како настанал Ноќниот крал, неговите Бели шетачи и останатите мистични суштества.

Златното време на херои всушност било 10.000 пред случувањата во "Game of Thrones", кога Првите луѓе и Децата на шумата направиле примирје. Примирјето траело 4.000 години, а за тоа време настанал и Ѕидот, а Брен "градителот" Старк го изградел Винтерфел.

Еден од предлозите е серијата да се вика "Долга ноќ". Долга ноќ е всушност зимата која траела колку една цела генерација и им овозможила на Белите шетачи да дојдат од Северот во Вестерос.

Во серијата ќе играат Наоми Вотс, Наоми Аки, Денис Гуг, Џод Вајтхаус, Шејла Атим, Ивано Џеремаја.

Серијата моментално се снима во Северна Ирска, каде биле снимени некои епизоди од GoT.



Спонзорирани линкови

Маркетинг