Познатиот пејач откри мрачна тајна од минатото: „Поради таа куќа ќе се самоубиев“

Точка

11/07/2019

15:03

4.635

Големина на фонт

а а а

Познатиот пејач, Роби Вилијамс, зборувал за славата и популарноста на групата „Take That“, во која бил член и признал дека помислувал да се убие.

Иако уживал во моментите на слава и сè што таа носи со себе, пејачот имал и лоши моменти во тој период, без оглед што изгледало како сè да е идеално.

Зборувајќи за деновите на најголемата слава на групата „Take That“, 45-годишниот Роби Вилијамс признал дека чудната куќа во која живеел, заедно со супстанците кои тогаш ги земал, за малку ќе го чинела живот.


Поради гласовите и чекорите кои ги слушал некое време, речиси полудел.

„Веднаш ми стана чудна, темна и со некаква енергија“, рекол Роби за куќата „Primrose Hill“, во која живеел со поранешната девојка.

„Тогаш земав многу кокаин. Во куќата слушав чекори по скалите нагоре. Многу брзо стануваше полошо. Мојата поранешна девојка мислеше дека тоа е нејзиниот дедо. Кога ќе влезев во кола и “тоа“ влегуваше со мене на задното седиште. После два месеци повеќе не можев да се носам со тоа, сакав да се убијам“, рекол пејачот и додал дека еден ден се разбудил и на крајот на креветот видел темна магла.


Тоа било, како што вели Роби, капка која ја прелило чашата. Отишол во хотел, а подоцна дознал дека куќата му е изградена на врв на гробишта.

Неговата сопруга, Ајда Филд, пред неколку години потврдила дека Роби во периодот на најголемата слава со групата „Take That“, размислувал за самоубиство.

„Тоа беше период во неговиот живот кога мислеше дека повеќе не може да постои“, рекла таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг