Меркел седеше за време на интонирањето на химната: Поради нејзиното здравје беше прекршен протоколот

Точка

11/07/2019

15:07

3.022

Големина на фонт

а а а

Германската канцеларка Ангела Меркел и данската премиерка Мете Фредериксен денес седеа за време на интонирањето на химните во Берлин, еден ден после најновиот случај во кој беше забележано како ѝ се тресе телото на Меркел.

Меркел денес не покажа знаци на лошо здравје, но заедно со нејзината гостинка седеше пред зградата на Владата во Берлин, што е невообичаено и против протоколот за време на вакви државни церемонии кога мора да се стои за време на интонирањето на химните.

Канцеларката вчера по трет пат имаше треска додека на истото место стоеше со финскиот премиер, па денес било одлучено за време на интонирањето на химните, наместо да стои, Меркел заедно со својата гостинка да седи.


Меркел за прв пат беше забележана како неконтролирано се тресе за време на состанокот со новиот украински претседател Владимир Зеленски на 18-ти јуни, а потоа и на 27-ми јуни на свеченоста со германскиот претседател Франк-Волтер Штајнмајер.

Засега нема премногу детали околу здравствената состојба на Меркел, а германската канцеларка неодамна изјави дека „ќе мора некое време да живее со тоа“, но и дека „нема причина за загриженост“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг