Први фотографии од новиот модел на Mitsubishi – Pajero

Супермен

11/07/2019

14:27

2.843

Големина на фонт

а а а

Компанијата Mitsubishi веќе подолго време го најавува претставувањето на новиот Pajero, а сега конечно тој настан е закажан за 25-ти јули кога овој нов SUV ќе ѝ биде претставен на јавноста во Тајланд.

Меѓутоа, на интернет се појавија “шпионски” фотографии од кои уште сега можеме да видиме како ќе изгледа новиот модел на Mitsubishi. 


Популарниот портал за автомобили “Carscoops” ги објавил фотографиите и иако возилото на истите е заштитено со маскирна фолија, јасно може да се забележи дека новиот Pajero “влече” инспирација од пикапот L200.

L200 е многу успешен Mitsubishi модел, па затоа не е ни чудно што оваа компанија сака да го искористи неговиот дизајн. Секако, Pajero ќе биде SUV класа на возило, така што нема да биде идентичен на L200, но сличностите се присутни и лесно се забележуваат.


Останатите детали поврзани со автомобилот ќе бидат познати на 25-ти јули кога тој ќе биде претставен пред јавноста, а се очекува и дека агрегатот ќе биде ист како и на L200. Со тоа, Pajero ќе поседува 2,4-литарски мотор кој ќе развива моќност од 178 коњски сили.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk