Од блиндирано возило во Атланта испаднале 175.000 долари, луѓето излегувале од автомобилите и собирале пари

Макфакс

11/07/2019

14:17

530

Големина на фонт

а а а

Многу возачи на автопатот во Атланта ги запреле своите автомобили за да собираат долари што летале насекаде. Блиндирано возило за пренесување пари се отворило и банкнотите почнале да летаат на патот.

Возачите успеале да соберат 175.000 долари од патот. А, вистинските сопственици ги бараат парите назад.

„Видов нешто што изгледаше како облак од лисја. Но, тоа беа пари. Не можев да им поверувам на моите очи. Нема да лажам. Првото нешто што го направив беше да застанам и да почнам да собирам пари. Многу други возачи го направија истото , изјави еден возач, кој подоцна врати повеќе од 2.000 долари во полицијата.

Полицијата нема кривично да ги гони оние што ќе ги вратат парите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг