Страшни детали! Вака загинале Романката и нејзиниот 8-годишен син на Халкидики: Ветерот фрлил киоск во таверна, кровот паднал директно на жената

Точка

11/07/2019

22:01

17.431

Големина на фонт

а а а

Во катастрофалното невреме на грчкиот остров Халкидики загинале седум туристи, а најмалку 120 се повредени. Според првите информации, загинале двајца постари туристи од Чешка, жена и нејзиниот осумгодишен син од Романија, татко и син од Русија. Се стравува дека бројот на жртви е поголем.

Ветровите биле толку силни што кревале и разнесувале тезги по улиците. 

Една новинарка која се нашла во една таверна открила како настрадале Романката и нејзиниот син.

"Воопшто не сфативме што се случува. Трчавме, секој помагаше кога можеше, а имавме десетина повредени. За жал, жената и нејзиниот син не успеавме да ги извлечеме", рекла таа.

Ветровите на таверната фрлале киосци и тезги, под кои останала заробената жена со детето.

Мајката и синот седеле во таверната на плажа која се наоѓала под тенда. Кровот паднал директно над жената, а нејзиниот син брзо реагирал и се обидел да ја спаси, а додека трчал да ја извлече ветерот го кренал високо во воздухот и со сета сила го фрлил на стаклото на подот.

Во олујата која некои медиуми ја нарекуваат најголема во последните неколку децении, водата носела дрвја, а во морето може да се видат чадори и лежалки од плажата.

Метеоролозите невремето го опишале како екстремно необично за овој период од годината и предвидуваат дека врнежите ќе продолжат до вечер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг