Откорнати дрвја, искршени приколки и уништени автомобили: Силното невреме направи пустош и во охридско-преспанскиот регион

Точка

11/07/2019

13:07

6.148

Големина на фонт

а а а

Охридско-преспанскиот регион вчера беше зафатен од силно невреме, проследено со ветер и дожд.

Според фотографиите и видеата од социјалните мрежи, невремето кое вчера траело половина час уништило голем број автомобили и и корнело дрвја, бандери и покриви од куќи во Преспа. Кампот Љубаништа е буквално руиниран – ветрот ги оштетил приколките, ги корнел тендите и дрвјата, а за среќа нема повредени.

Освен Преспа, голема штета претрпеле и селата Наколец, Крани, Долно Дупени, Штрбово и Љубојно, а освен овој регион, бил зафатен и Охридскиот, кај Свети Наум. 

Силниот ветер проследен со дожд и град носел сѐ пред себе, а според кажувањата на очевидците, неговата брзина била близу 200 километри на час. Според нив, во еден момент градот натрупал слоеви од по 30 центиментри.

Засега нема информации за посериозно повредени лица. Од ова утро, тимови на противпожарните служби работат на расчистување на теренот. Во Ресен е прогласена вонредна состојба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг