Паника во Њу Орлеанс: Пред 14 години градот беше разурнат од ураган, а сега пристигнува уште една мега-бура

Точка

11/07/2019

11:05

1.297

Големина на фонт

а а а

Тропска бура со обилни врнежи од дожд го поплави Њу Орлеанс, американскиот град кој што едвај се опорави откако пред 14 години беше погоден од ураганот „Катрина“.

Улиците и бројни домови се под вода, а метеоролозите најавуваат нови обилни врнежи на дожд. Градоначалничката на Њу Орлеанс, Латоја Кантрел после обилните врнежи на дожд прогласи вондредна состојба.

Националниот центар за урагани предупреди дека кон брегот на американската сојузна држава Луизијана се приближува голема тропска бура која до сабота би можела да го зголеми интензитетот и да се претвори во ураган. Поради тоа, градските власти веднаш наредија да започнат подготовките за удар на ураган.

Ураганот пристигнува кон Њу Орлеанс и тоа не може да биде во полош момент, не само затоа што сојузната држава Луизијана повторно ќе се соочи со природна катастрофа, туку и поради тоа што реката Мисисипи е на раб на катастрофално излевање уште од јануари оваа година.

Сезоната на поплави обично завршува на пролет, но оваа година има поплави веќе седум месеци и после 185 дена прашање на време е колку долго таа американска сојузна држава ќе може да издржи.

Луизијана покрај тоа што може да се соочи со ураган во Њу Орлеанс, американската сојузна држава може да биде погодена и од страшни поплави кои ќе бидат предизвикани од излевањето на Мисисипи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг