Страшно невреме во Грција: Најмалку пет лица го загубија животот на Халкидики?

Точка

11/07/2019

10:43

9.844

Големина на фонт

а а а

Некои од најпопуларните туристички дестинации на македонските туристи во соседна Грција синоќа беа погодени од страшно невреме, а како што пренесува грчки „Катимерини“ најмалку пет лица го загубиле животот во невремето.

Невремето ги погодило Неос Мармарас, Неа Плагиа, Неа Потидеа, Пефкохори, Неи Пори, Никити, Калитеа и уште неколку места ширум грчкиот полуостров Халкидики.

Поради невремето во одредени места дошло до прекин во снабдувањето со електрична енергија, а грчките медиуми пренесуваат дека најмалку пет лица го загубиле животот во невремето со силен ветар, обилни врнежи од дожд и молњи.

Од грчката полиција засега ја имаат потврдено смртта на жена од Романија во Неа Плагиа, откако врз неа се срушил покрив од таверна, а во хотел во Неа Потидеа се срушило дрво врз татко и син.



Спонзорирани линкови

Маркетинг