Едно од омилените места на Македонците: Халкидики има моќ да ги задоволи вашите потреби

Точка

10/07/2019

21:17

6.527

Големина на фонт

а а а

Халкидики е една од омилените летни дестинации, не само за Македонците, туку и за самите Грци кои живеат северно од земјата, а високите температури во овој период од годината и совршените плажи ќе ви го направат летувањето незаборавно.

Веќе со децении Халкидики е познат по убавите и егзотични плажи, па затоа е и прв избор за многумина кои се одлучуваат да летуваат во оваа земја.

Овој полуостров е познат по својот необичен облик. Халкидики се состои од т.н. три прсти - Касандра, Ситонија и Атос, односно Света Гора.


Каков и да сте патник, без разлика дали сакате да лежите на плажа или да го истражувате полуостровот, Халкидики ја има таа моќ да ги задоволи сите ваши потреби. Тоа што се наоѓа во близина на Солун е уште една причина зошто Македонците се одлучуваат да одат таму на одмор.


Времето ќе биде на ваша страна, бидејќи температурите овие денови почнуваат од 33 степени, а такво време се очекува до крајот на месецот. Преку ноќта температурата е околу 20 степени, што значи дека ќе може мирно да спиете или да шетате. Температурата на водата е идеална - околу 25 степени Целзиусови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг