Шест причини зошто жените “паѓаат“ на повозрасни мажи

Точка

10/07/2019

20:23

4.417

Големина на фонт

а а а

Многу дами одлучуваат да го поминат животот со многу повозрасни мажи, а нивните врски од многумина не се одобрени ниту пак сфатени.

Но, таквите љубови се толку чести што во англискиот јазик постои дури и посебен израз за нив: „May—December romance“.

Иако оние најзлобните меѓу нас веднаш ќе помислат дека во таквите односи не постои љубов, туку само интерес, „Bright Side“ издвоиле неколку причини зошто жените често „паѓаат“ на повозрасни мажи. И не, сосема сигурно парите не се на прво место.

1. Повозрасните мажи се многу позрели

Тие веќе го истражиле светот и стекнале одредено искуство. Откриле што ги интересира, оствариле кариера и сега можат потполно да му се посветат на семејството и на работата. Поминале низ “дивата фаза“ и сега во интерес им е да се смирени.


2. Носат мудри одлуки

Не си дозволуваат ризик, туку благодарение на животното искуство кое ги научило на многу лекции, носат помудри одлуки.

3. Врската со нив е постабилна

Знаат што сакаат и не се оптеретуваат ниту себе ниту другите со непотребни игри.

4. Повеќе учествуваат во домашните задачи

Знаат дека тоа им е важно на жените и не мислат дека ако учествуваат во домашните активности ќе загубат дел од својата машкост. Освен тоа, веројатно го искусиле “singlе“ животот, кога таквите работи и без тоа морале сами да ги завршуваат.


5. Знаат дека кон жената треба да се однесуваат со почит

Тие разбираат што им е потребно на жените за да бидат среќни, а од изминатите врски веројатно научиле и како да избегнат одредени проблеми, па врската со нив е многу поедноставна. Освен тоа, не се фокусирани само на себе и повеќе внимание посветуваат на своите партнерки, во споредба со помладите мажи.

6. Пружаат чувство на сигурност

Досега веројатно веќе изградиле кариера, но и финансиска стабилност и повеќе не се во потрага по љубовна авантура, туку по стабилен однос. Комбинацијата од сето тоа на жените им нуди чувство на сигурност.




Спонзорирани линкови

Маркетинг