"Харизма и сексуалност на сцена": Првиот договор на Битлси продаден за 340.000 долари.

Точка

10/07/2019

18:09

691

Големина на фонт

а а а

Првиот договор на култната група Битлси со менаџерот Брајан Епстајн е продаден за 340.000 долари на аукција.

Пол Мекартни, Џон Ленон, Џорџ Харисон и Пит Бест го потпишале овој документ на 24-ти јануари 1962-ра година, пред да станат светски славни. 

Со овој договор Брајан Епстајн се обврзал дека ќе организира настапи на групата, дека ќе управува со нивниот распоред и дека ќе организира средби со фановите. Документот бил прв од два договори меѓу Епстајн и Битлси.

"Епстајн во тој договор ги официјализирал присуството на страст, харизмата и сировата сексуалност на сцената. Битлси имале сценска енергија, но Епстајн во тоа всадил професионализам", рекол Габриел Хитон, експерт во аукциската куќа Сотби.

Во договорот се нагласува дека на Епстајн ќе му припаднат десет проценти, кои ќе се зголемат на 15 проценти ако нивната заработка надмине 150 долари неделно.

Откако Бест го напуштил бендот, бил потпишан уште еден договор на 1-ви октомври 1962-ра година со Ринго Стар како тапанар, а Брајан Епстајн со новиот договор направил поголема заработувачка.

Средствата собрани од продажбата на договорот се наменети за хуманитарната фондација Ернест Хеч.




Спонзорирани линкови

Маркетинг