Google тестира play/pause копче за видео на Chrome

Точка

10/07/2019

15:46

1.066

Големина на фонт

а а а

Од Google наскоро на својот популарен интернет прелистувач Chrome би можеле да му додадат копче кое би овозможило пуштање и паузирање на видеа од било кој таб.

Развојата верзија на Chrome ја поседува можноста наречена Global Media Controls, а кога е активна, се појавува „плеј“ икона веднаш до URL покрај букмарк ѕвездата доколку имате пуштено видео на тој таб.

Кога ќе кликнете на копчето, се појавуваат повеќе опции кои овозможуваат паузирање, прескокнување и враќање на видеото, без да има потреба за отворање на табот на кој што се наоѓа видеото.


Оваа можност би можела да биде корисна доколку сакате да слушате некоја песна повеќе пати на YouTube, или да ги прескокнете досадните автоматски видеа.

Опцијата ќе може да ја контролира аудио и видео содржината, а засега тоа нема да биде возможно на секоја веб страница. Сепак, треба да се има во предвид дека опцијата е во рана фаза од развој и допрва ќе се усовршува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг