Заев и претходно комуницирал со руските комичари, убеден дека разговара со Столтенберг и Порошенко

Точка

10/07/2019

15:24

3.355

Големина на фонт

а а а

Вчера медиумите објавија видео во кое руските комичари Вован (Владимир Кузенцов) и Лексус (Алексеј Столаров), од името на Петро Порошенко и Јенс Столтенберг разговараат со македонскиот премиер Зоран Заев.

Во изјава за медиумите, премиерот денеска ја потврди информацијата дека комуникацијата била взаемна, односно дека можно е и тој неколку пати телефонски да зборувал со нив, убеден дека разговара со вистинските Столтенберг и Порошенко. 

На прашањето кога точно утврдил дека станува збор за наместена игра, Заев откри дека тоа всушност го дознал дури завчера, кога биле објавени снимените телефонски разговори.

По вчерашната прес-конференција на која премиерот на Македонија зборуваше за измамата од страна на руските комичари, со реакција се јави и еден од нив.

Имено, пранкерот Вован, во изјава за „Комсомољскаја правда“ го прашува Заев како планира да ја подобри безбедноста во комуникацијата.

“Како тој ќе ја поправи неговата комуникација? Можеби ќе го апдејтира својот телефон. Нема потреба да ја подобрува комуникацијата туку мозокот”, изјавил Кузенцов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг