Делат откази поради бременост и мобилен телефон: Работниците проговореле за условите кои ги нуди Маск во Тесла, некои случаи се особено мачни

Супермен

10/07/2019

14:02

3.476

Големина на фонт

а а а

Во последните неколку години, компанијата на ексцентричниот милијардер Илон Маск се соочува со сè поголем број на судски тужби поради неоправдани откази, кршење на правата на работниците, сексуално вознемирување на работното место и расна дискриминација.

Бројни сегашни и поранешни работници тврдат дека токму поради користење на боледување или породилно отсуство сносиле санкции, а неретко поради тоа добиле и отказ. 

Жртва на еден таков случај е и Девон Бекерa којa во февруари 2018 година започнала да работи во канцеларијата на Тесла во Невада. Неколку месеци подоцна добила унапредување, за во јули да открие дека е бремена. За новонастанатата ситуација го известила својот надреден и во таа прилика му кажала дека во февруари 2019 година ќе замине на породилно отсуство. Во текот на разговорот, на Девон ѝ било кажано дека сè е во ред и дека може да замине, но набрзо открила дека нејзината одлука сепак не му одговарала на работодавецот – две недели пред Божиќ, таа добила отказ.


“Во Невада, работодавецот не е должен да ја изнесе причината за прекин на договорот, но мене сè ми беше јасно. Останав без работа две недели пред Божиќ и 50-тина дена пред породувањето”, изјавила Девон.

Во слична ситуација се нашла и уште една вработена во компанијата Тесла во Лас Вегас, Џенифер Пирси, мајка на четири деца која поради повторната бременост останала без работа.

“Во 22-та недела од бременоста, останав без работа со уште четири деца. Се надевав на повторно враќање во компанијата, но тоа не се случи”, се присетила сега веќе поранешната вработена во Тесла.

За разлика од своите колешки, Меги Аранда и нејзиниот сопруг добиле отказ поради една потполна бизарна работа. По една и пол година работа во компанијата, Меги од своите надредени побарала одобрение за користење на мобилен телефон за секогаш да му биде на располагање на својот, тогаш болен сопруг.


“Поседував пишана потврда од надредените во која се наведува дека можам да користам мобилен телефон во итни случаи. Еден ден едноставно ми кажаа да ги соберам работите и да си заминам. Кратко потоа ми испратија и пишано решение во кое се наведува дека сум останала без работа поради користење на мобилен телефон”, објаснила Аранда.

Нејзиниот сопруг кој исто така работел во Тесла и во тоа време бил на боледување поради повреда на работно место, два дена подоцна го примил истото писмо. Во неговиот случај, причина за прекин на договорот била објава на неговиот Твитер профил со која, како што навеле од Тесла, го нарушил угледот на компанијата.

Дека отказите не се единствените санкции кои вработените ги трпат поради користење на своите законски права сведочи и случајот на еден работник кој и по две години напорна работа не можел да добие унапредување.

“Ми кажаа дека никогаш нема да напредувам бидејќи неколку пати сум задоцнил на работа. Тоа е точно, но во тие случаи доцнев по неколку минути бидејќи барав паркинг. Тоа не е причина за такво однесување кон работник”, објаснил тој.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk