Истражувањето покажува која машка навика жените ја сметаат за одбивна

Супермен

10/07/2019

11:33

2.400

Големина на фонт

а а а

Иако ништо не може да се мери со искреноста и лојалноста, оваа особина се чини дека поприма сè поважна улога во врските, но и во минливите авантури.

Имено, истражувањето кое го спровело “Storage World” покажало дека дури 61 отсто од жените исклучително одбиваат неуредна машка соба или цел стан. 

Независно дали станува збор за авантура за една ноќ или потенцијална врска, повеќето жени се сложиле дека не им се допаѓа кога мажот е неуреден бидејќи тоа веднаш ги наведува да се запрашаат за нивната хигиена, но и другите важни животни навики.


Од друга страна, само 25 отсто од мажите признале дека не сакаат да видат неуредна женска соба или стан и тоа да влијае на нивната возбуденост. Истото истражување докажало дека дури три четвртини од луѓето во врска имаат проблем со соочување со партнерот кога се во прашање навиките на уредност, што доведува до недостаток на комуникација и подлабоки проблеми во врската.

Затоа, доколку забележите дека вашата подобра половина суптилно се обидува да ви каже дека треба да бидете поуредни, можеби е вистинско време да поработите на тоа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk