Повторно во центар на вниманието: Лејди Гага е бремена од Бредли Купер?

Точка

09/07/2019

23:11

15.240

Големина на фонт

а а а

Светските медиуми деновиве пишуваат дека Лејди Гага е бремена, а татко на детето е актерот Бредли Купер.

Имено, во еден магазин се појавила фотографија од Гага и Купер на која тој ги држи неговите раце околу нејзиниот стомак. Оваа фотографија дополнително ги поттикнала сомнежите дека пејачката е можеби бремена, а според зборовите на магазинот “In Touch” нема сомнеж дека детето кое Гага го носи е всушност на Бредли. 


Во јавноста веќе одамна се шпекулира дека тие се заедно, а некои зборуваат дека токму бременоста на Лејди Гага е причината поради кој Бредли Купер се разведува од својата сопруга Ирина Шајк.


Како што наведува неименуван извор, Гага сè уште не го пребродела раскинувањето со поранешниот вереник Кристијан Карино, така што венчавката веројатно не е на врвот на нејзините приоритети сега.

Тие двајца по повод ваквата вест сè уште не се огласиле јавно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг