Никогаш не смеете да ги чешате очите кога ќе почувствувате јадеж, иако ви се чини како логично решение – еве и зошто

Точка

09/07/2019

12:58

1.906

Големина на фонт

а а а

Многу работи кои во еден момент нѝ се чинат исправни, подоцна можат да доведат до сериозни последици, а простото триење на очите кога ќе почувствувате јадеж е една од нив.

Без разлика дали се јавува на крајот од напорниот и долг ден, по спиењето или по неколку часа поминати пред компјутер, уморните очи нè “молат” да ги почешаме.  


“Вашите очи се сушат во текот на денот и тоа е сосема нормално. Чешањето може да доведе до размачкување на солзите преку целата површина на окото и со тоа ги навлажнува, а триењето на трепките ја отстранува маснотијата од нив и ви се чини дека окото изгледа посјајно. Затоа постои многу добра причина зошто ова чувство е толку добро”, вели д-р Биран Мегпара.

Но, тој истакнува дека ваквата навика не е добра. Сето тоа триење може да доведе до појава на болест на рожницата, наречена кератоконус, при што рожницата слабее, го губи својот облик и влијае на здравјето на видот.

Триењето на очите го зголемува и очниот притисок. Со тоа се зголемува и ризикот од глауком кој го оштетува очниот нерв и доведува до губење на видот.


Но, за среќа постојат работи кои можете да ги практикувате. Вештачките солзи ги влажнат очите, а на пазарот постои голема понуда од различни произведувачи. Вештачките солзи ја спречуваат појавата на црвенило и сувите очи кои доведуваат до појава на јадеж и поголеми проблеми. Исто така, испробајте топла облога како маска за очите кога тие ве чешаат, која може да се користи пред да заминете во кревет.

Јадежот може да се јави и поради алергија, затоа е многу важно да знаете на што сте алергични и да добиете соодветна терапија од вашиот матичен лекар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг