Ѓаволска работа: Lamborghini Huracan Performante Diabolico со 666 коњски сили

Точка

09/07/2019

13:42

1.389

Големина на фонт

а а а

Германската компанија “Wheelsandmore” која се занимава со доработка на продукциските модели, го унапреди моќнниот Lamborghini Huracan Performante.

Унапреденото издание на Lamborghini Huracan Performante, симболично наречено “Diabolico” поради бројот на коњски сили, моќниот автомобил на италијанската компанија доби дополнителни 26 коњски сили, па сега располага со „ѓаволски“ 666 коњски сили.


Имено, “Wheelsandmore” со помош на најнов софтвер го „збогатиле“ атмосферскиот 5,2 V10 за 20 коњски сили и 22 Nm. На тој начин била постигната сила од 660 коњски сили, а уште 6 коњски сили биле добиени благодарение на унапредениот издувен систем.

Освен купе верзијата, германската тјунинг компанија “Wheelsandmore” на купувачите ќе им понуди и Huracan Performante Spyder верзија.


Софтверското унапредување се наплаќа 2,520 евра, а новиот издувен систем 4,831 евра, а останатите аеродинамички доработки ќе чинат дополнителни 982 евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг