Од револуција до фијаско: Apple престанува да произведува тастатура со „пеперутка“ механизам

Точка

09/07/2019

13:19

2.554

Големина на фонт

а а а

Познатиот аналитичар Минг-чи Куо открива дека американскиот технолошки гигант ќе престане да ја произведува контроверзната „пеперутка“ тастатура на своите нови лаптопи.

Новата механизам кој требаше да биде револуционерен кога е во прашање работата на тастатурата на лаптопите и овозможуваше уредите да бидат уште потенки, Apple ја претстави во 2015-та година на своите нови MacBook уреди.

Оваа тастатура во годините кои што доаѓаа беше имплементирана кај сите лаптопи на Apple, но со текот на времето се покажа како многу проблематична.


Благодарение на новиот „пеперутка“ механизам, типките имаа помал “travel”, беа потивки и овозможуваа лаптопите да бидат многу потенки, но корисниците набрзо започнаа да се жалат на издржливоста на копчињата и нивната нефункционалност. Имено, после подолго време, кога прашина ќе се насобере под копчињата, типкањето станува многу отежнато.

Познатиот аналигичар Куо сега вели дека од Apple одлучиле идните тастатури да бидат направени од стаклени влакна со „ножица“ механизам кој ќе биде потраен. Новата тастатура ќе биде претставена оваа година кај новиот MacBook Air, а потоа ќе пристигне и кај новиот MacBook Pro идната година.


Куо открива дека и самото производство на „пеперутка“ механизмот бил прилично комплициран, па Apple ќе одговори на жалбите на корисниците и ќе го замени проблематичниот механизам.



Спонзорирани линкови

Маркетинг