Не спиете поради неподносливите горештини? Овие трикови ќе ви помогнат брзо и лесно да заспиете

Точка

08/07/2019

09:44

3.886

Големина на фонт

а а а

Повеќето луѓе имаат проблем да заспијат во текот на овие неподносливи горештини. За таа цел, следуваат неколку добри совети кои ќе ви помогнат полесно да заспиете.

Луѓето веруваат дека е сосема доволно да ја соблечат целата облека од себе и да заминат во кревет. Меѓутоа, тоа не е вистина – всушност, лесните пижами од свила или памук многу подобро ја регулираат телесната температура. Телото до 4 часот наутро ослободува топлина преку кожата на стапалата, рацете и лицето, а доколку нешто пречи во тој процес, заспивањето ќе се одвива потешко.  


Од друга страна, ако оставите топлината непречено да излегува, ќе се разбудите рано наутро бидејќи ќе ви биде ладно.

Затоа, покривајте се со материјали од природни влакна како памук или свила кои најдобро ќе ја следат температурата на вашето тело. Ако знаете дека следат високи температури кои не се спуштаат ни во текот на ноќта, ставете ја перницата во фрижидер во текот на денот. Таа ќе биде добро разладена пред да легнете, што ќе ви помогне брзо да заспиете.


Направете циркулација на воздухот во спалната соба. Се препорачува да спиете со раширени раце и нозе. Ако и покрај сè, се разбудите од топлината во текот на ноќта, разладете ги зглобовите со ладна вода. На тој начин најдобро ќе се разладите и повторно лесно ќе заспиете.



Спонзорирани линкови

Маркетинг