Поранешниот германски канцелар со остра порака до САД: Не можете вие да ни кажувате што да правиме, ние не сме банана држава!

Точка

08/07/2019

14:12

6.130

Големина на фонт

а а а

Поранешниот канцелар на Германија, Герхард Шредер на администрацијата на Доналд Трамп ѝ порача дека никој не може да им кажува на Германците каква надворешна политика да водат, истакнувајќи дека „Германија не е банана држава“.

Герхард Шредер кој беше прв човек на Германија во периодот од 1998-ма до 2005-та година, остро го критикуваше притисокот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп кој се врши врз Германија.

Поранешниот германски канцелар порача дека Германија како суверена држава има право сама да одреди со кого ќе тргува и каква надворешна политика ќе води.


Шредер ја обвини администрацијата од Белата куќа дека сака „да го уништи глобалниот економски поредок“ и порача дека Американците своите партнери ги гледаат како да им се нивни „вазали“.

Шредер во интервјуто за германскиот весник “Handelsblatt”, Шредер порача дека САД сака да им диктира на своите пријатели и сојузници.

„Преку пазарната економија, Доналд Трамп намерно настојува да го уништи глобалниот економски систем. Не станува збор за протекционизам, сите земји го прават тоа, па така и Европа. Опасноста која доаѓа од Трамп е во тоа што тој се обидува да им диктира на пријателите и сојузниците што треба тие да прават, како економски, така и политички. Искрено зборувајќи, тоа значи дека тој не сака пријатели, тој сака вазали“, порача Шредер.


Шредер упати и критики до американскиот амбасадор во Германија, Ричард Гренел, истакнувајќи дека тој се меша во германските интерни прашања.

„Што има тој јавно да го критикува нашиот одбранбен буџет и да ја напаѓа нашата автомобилска индустрија? Очекувам од германските власти да му порачаат дека тоа не е негова работа. Ние не сме банана држава“, порача поранешниот германски канцелар Шредер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг