Лидерот на Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис синоќа после победата на предвремените парламентарни избори во соседна Грција, порача дека ќе прави се за да ги застапува сите Грци.
Конзервативната Нова Демократија победи на вчерашните предвремени избори во Грција, поразувајќи ја владеачката Сириза на сега веќе поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас. Нова Демократија освои 158 места во грчкиот парламент, додека Сириза 86.
„Премалку сме за да бидеме поделени“, порача Мицотакис после победата, пренесува грчки „Катимерини“.
ND takes charge in landslide win, vows more investment, fewer taxes https://t.co/Q4gmdAmtY8 pic.twitter.com/zPPKA35zNp
— Kathimerini English Edition (@ekathimerini) July 7, 2019
Мицотакис кој денес треба да ја положи заклетвата како нов премиер на Грција, изјави дека добил силен мандат кој ќе му помогне да ја промени Грција и да ја примени програмата за намалување на даноците, отворање на нови работни места и привлекување на нови инвестиции.
„Народот испрати јасна порака во корист на растот, создавањето на работни места и безбедноста“, порача Мицотакис, додавајќи дека транспарентноста ќе се врати во Грција и нашиот јужен сосед погласно ќе се слушне во Европа.
Мицотакис истакна дека со упраавувањето на земјата кое го превзема, свесен е за својата одговорност кон народот. Тој порача дека на „пресудата на народот“ гледа со скромност и почит и нагласи дека нема да го разочара грчкиот народ, најавувајќи дека пратениците ќе работат и во текот на летото затоа што „иднината не може да чека“.
Tsipras concedes defeat in election https://t.co/5wdxdkq99m pic.twitter.com/Su4rshdeeq
— Kathimerini English Edition (@ekathimerini) July 7, 2019
Алексис Ципрас го призна поразот и телефонски се слушнал со Мицотакис на кого му ја честитал победата. Тој синоќа порача дека ја почитува волјата на народот.
„Денес со подигнати глави ја прифаќаме пресудата на народот“, порача Ципрас на прес-конференцијата.
Тој додаде дека неговата партија Сириза морала да донесе тешки одлуки кои што имале тешки политички последици, за да ја доведат Грција таму каде што е денес.