Се е подготвено за трката со бикови: Во Памплона започна традиционалниот фестивал

Точка

06/07/2019

16:59

2.032

Големина на фонт

а а а

Во шпанскиот град Памплона со традиционален огномет почна славниот фестивал чија главна атракција е 850 метри долгата трка со бикови по градските улици.

AP пренесува дека официјалниот градски плех оркестар, кој слави 100 години постоење, е избран оваа година да ја лансира ракетата со огномет, позната по името "Chupinaso". 

Фестивалот е отворен со повик "Да живее свети Фермин", светецот на кој ова 10-дневно лудување му е посветено, а по што насобраните, облечени во бело, тргаат во меѓусебно прскање со вино.

AP потсетува дека американскиот писател Ернест Хемингвеј ја овековечил оваа забава, која секоја година привлекува околу милион посетители.




Спонзорирани линкови

Маркетинг