Ѓоковиќ ја пееше „Македонско девојче“ и побара фотографии од Охрид

Макфакс

06/07/2019

13:15

7.900

Големина на фонт

а а а

Светскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ ја поздрави земјава во видео обраќање на својот профил на „Инстаграм“.

Во еден дел од видеото, Ѓоковиќ синоќа ја запеа „Македонско девојче“ и побара од фановите да му испратат фотографии од Охрид.

„Како би сакал да сум покрај Охридско езеро. Испратете некоја фотографија“, рече Ѓоковиќ од Лондон по победата во 3. коло од Вимблдон против Хуркач.

Ѓоковиќ вчера во изјава за „Макфакс“ најави дека би сакал наскоро да ја посети Македонија.

„Ако ги намалам турнирите и ако се ослободи некој простор, би сакал да дојдам на Охридското Езеро, би сакал да го посетам Скопје, каде никогаш не сум бил. Би сакал да го обиколам целиот регион“, изјави Ѓоковиќ одговарајќи на прашањето на известувачот на „Макфакс“ од Вимблдон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг