Познатиот невронаучник Метју Вокер ја открил тајната за долговечноста на тенисерот Роџер Федерер.
Швајцарецот игра одлично и во подоцнежните тенисерски години и нема потешки повреди во кариерата, за што постои една важна причина за која Вокер детално зборувал.
“Сонот е можеби најголемата легална дрога за подобрување на перформансите и спортските резултати. Неколку спортисти го користат сонот во голема мера, тоа можете да го забележите кај Роџер Федерер, кој спие по 12 часа со дремка во текот на денот од 2 часа. Познатиот спринтер Јусеин Болт практикува да спие помеѓу 9 и 10 часа, со внимателно мерење на моментот во текот на денот кога е време за дремка. Тој собори еден светски рекорд само 35 минути откако беше буден – дојде и постави нов лимит. Тие ја знаат моќта на сонот и ја користат. Леброн Џејмс спие 12 часа иако работи со полна пареа”, вели невронаучникот.
“Сите тие знаат дека сонот ја подобрува играта, а по натпреварот, сонот е критичен бидејќи ви треба регенерирање и закрепнувње. Кога играте на високо ниво, имате хронична потрошувачка на телото која бара сон кој е фантастичен за редукција на таа потрошувачка. Брзината на закрепнување е многу поголема кога спиете по натпреварот, многумина имаат низа натпревари еден по друг па затоа е важно да закрепнат”, вели Вокер и додава:
“Ако спиете 6 или помалку часа, вие ги намалувате своите можности за 30 отсто. Со тоа се намалува потенцијалот на дишењето, на белите дробови ќе им биде потешко, сето тоа влијае на телото и можноста да се “лади”. На крајот, се зголемува ризикот од повреди. Доколку спиете до 6 часа, шансата да се повредите е 80 отсто поголема. Ако спиете до 9 часа, имате 15 до 20 отсто шанси за повреда”.