Убавица од Сибир ја загубила работата во градската служба, откако учевствувала на онлајн натпреварување за плејбој зајчица на годината, кое го одржала руската верзија на магазинот „Playboy“.
27-годишната Анет Ануфриева добила отказ откако фотографиите ѝ станале вирални, а извори од градската служба за руските медиуми рекле дека од жената е побарано да си замине, откако нејзините еротски фотографии кои се достапни на нејзината страница од натпреаврувањето во Плејбој Русија, „привлекле внимание“, пренесува „RT“.
Ануфриева потврдила дека повеќе не е јавна службеничка, иако одбила да ги сподели деталите околу нејзиното заминување. „Одлучив да си заминам. Неетички е да објаснувам зошто: Го почитувам својот работодавец и не би зборувала за тоа“, рекла за руската агенција „URA“.
На својот Инстаграм профил, Ануфриева се опишува како „мајсторка“ за депилација и учесничка во натпреварот за плејбој зајчица. На нејзиниот профил на Плејбој сè уште е опишана како јавна службеничка.