Скандал: Гувернерот на Рио јавно призна дека го купил домаќинството за Олимпијадата!

Точка

05/07/2019

13:49

1.619

Големина на фонт

а а а

Серхио Кабрал пред судот призна дека потрошил два милиони долари купувајќи ги гласовите со цел Рио Де Жанеиро да ја добие организацијата на Олимписките игри.

Поранешниот гувернер на Рио, за прв пат во текот на вчерашниот ден призна дека ги купувал гласовите на претставниците на Меѓународниот олимписки одбор, меѓу кои бил и поранешниот украински Олимпиец Сергеј Бубка и рускиот пливач Александар Попов, со цел Рио да го добие домаќинството за Олимписките игри во 2016-та година.

Кабрал откри дека потрошил два милиони долари купувајќи ги гласовите за да обезбеди Олимписките игри да се одржуваат во Рио. Купувањето на гласовите било организирано преку поранешниот претседател на Меѓународната атлетска федерација Ламине Диак.

Тој додал дека на подготвеноста на Диак да прими мито му укажал поранешниот претседател на Бразилскиот олимписки одбор, Карлос Алберт Нузман. Кабрал кој е осуден за повеќе случаи поврзани со корупција и перење на пари, отслужува затворска казна од 2016-та година.

На сослушувањето признал дека тој, Нузман и бразилскиот тајкун Артур Цезар Соареш ги купиле гласовите на неколку членови на Меѓународниот олимписки одбор пред клучниот состанок во 2009-та година.


Меѓу имињата кои ги откри Кабрал се Бубка и Попов, двете легенди на светскиот спорт. Тој нагласи дека поранешниот бразилски претседател Луиз Инасио Лула Да Силва не бил директно вмешан, но знаел за тоа. Лула од друга страна изјави дека не знаел ништо за купувањето на гласовите.

На гласањето во 2009-та година во Копенхаген, Рио Де Жанеиро беше избран да биде град домаќин на Олимписките игри во конкуренција на Мадрид, Чикаго и Токио.



Спонзорирани линкови

Маркетинг