“Морничаво“: Во текот на вчерашниот пад на Фејсбук еден детаљ откри што всушност правеле со нашите фотографии

Точка

04/07/2019

22:01

27.299

Големина на фонт

а а а

Во текот на вчерашниот масовен пад на Фејсбук, Инстаграм и ВатсАп корисниците имаа проблем со праќање и вчитување на медиската содржина, а некои луѓе забележале еден “морничав“ детаљ.

Иако не можеле да ги видат фотографиите на Фејсбук, можеле да ги видат таговите кои опишуваат што се наоѓа на фотографијата.

Познато е дека Фејсбук ја користи вештачката интелигенција за да ги идентификува објектите и луѓето на фотографиите и автоматски да им додаде таг, но на некои луѓе овој детаљ сериозно ги вознемирил.

Од Фејсбук велат дека примарната причина за користење на овие тагови е тоа што на тој начин го олеснува користењето на оваа социјална мрежа на луѓето кои имаат проблеми со видот. Овој начин на тагнување на фотографиите открива голем број лични податоци за корисниците: кое им е хобито, дали имаат домашни миленичиња, дали носат очила, дали имаат брада или слично. Тоа можат да бидат информации кои корисниците можеби не сакаат да ги споделат.

Судејќи по реакциите на екипата на Твитер, се утврдило дека многумина не знаеле дека Фејсбук ги анализира фотографиите на тој начин.

„Не споменуваме дека некои фотографии не се вчитуваат, но на нив има тагови кои ги препознаваат објектите. Малку морничаво“.

„Нема фотографија, но таговите се тука. Не е тоа нешто ново, но морничаво е“.

„Фејсбук поради некоја причина не ги вчитува фотографиите, но наместо тоа знам какви информации има на тие фотографии“.

„Денес докажаа дека Фејсбук автоматски на нашите фотографии и сториња додава дополнителни информации за тоа што се наоѓа на нив“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг