Францускиот играч за врска, Адриен Рабио и официјално стана нов фудбалер на торински Јувентус.
Рабио вчера стана слободен играч откако му истече договорот со ПСЖ, а само неколку часа подоцна Јувентус го потврди неговиот трансфер.
24-годишниот Французин потпиша четиригодишен договор со Јувентус и ќе заработува 7 милиони евра по сезона.
Рабио денес и официјално беше претставен како нов играч на Јувентус и го избра бројот „25“ кој го носеше и додека настапуваше во ПСЖ.
🤝2️⃣5️⃣😊 pic.twitter.com/BGeYS1gEk9
— JuventusFC (@juventusfc) July 2, 2019