Нови проблеми на снимањето на филмот за Џејмс Бонд: Големата ѕвезда даде отказ

Точка

02/07/2019

13:53

3.750

Големина на фонт

а а а

„Сите беа возбудени поради неговото враќање во оваа франшиза, но потоа “ладен туш“ - изјавил извор близок на продуцентите на филмот.

Пејачката Грејс Џонс требала да игра во новото продолжение за филмот на Џејмс Бонд кој има работен наслов „25“.

Меѓутоа, како што наведувааат од странските медиуми, од тоа нема да има ништо, а причината е тоа што оваа ѕвезда дала отказ.

Наводно, на пејачката не и се допаднал фактот дека во ова ново остварување треба да изговори неколку реченици. Грејс поради ова го “кренала сидрото“, а тоа ги налутило продуцентите.


Ова е само еден дел од “морето со проблеми“ со кое се соочува продуцентот на филмот за Бонд.

Да ве потсетиме дека во текот на снимањето актерот Даниел Крег се повреди, а во текот на снимањето дошло и до три големи експлозии во кои имало и повредени.

Инаку, Грејс Џоунс веќе играла во едно остварување за Џејмс Бонд „A View To A Kill“ во 1985-та година, во кое агентот 007 го толкуваше Роџер Мур.



Спонзорирани линкови

Маркетинг