“The Witcher”: Дали оваа серија е новата “Game of Thrones”?

Точка

02/07/2019

13:37

3.347

Големина на фонт

а а а

Популарната серија “Game of Thrones” заврши пред повеќе од еден месец, а сега на повидок е нова епско-научно фантастична серија.

Станува збор за серијата на “Netflix” наречена “The Witcher” која би требало да ги исполни сите очекувања, но и празнината која настана кај љубителите на овој жанр кога заврши “Game of Thrones”. 

Според фотографиите од снимањето кои неодамна се појавија на интернет, делува дека фановите ќе добијат нова серија која ќе ја гледаат од недела во недела. Хенри Кавил кој ја толкува главната улога, на Инстаграм објавил дека снимањето е завршено во мај и дека заинтересираните гледачи ќе можат да ја погледнат првата епизода наесен.

“Netflix” уште минатата година објави краток тизер трејлер, покажувајќи го изгледот на Кавил во улогата на ликот Гералт, со неговиот заштитен знак во облик на сребрена коса која многумина ќе ја препознаат од видео игрите.

“The Witcher” е адаптација на романите и кратките приказни на полскиот автор Анджеј Сапковски според кои се направени неколку хит игри. Приказната е сместена во алтернативен средновековен свет и го следи Гералт, патувачки ловец на чудовишта односно вештер кој од младоста е трениран да се бори со сите видови на чудовишта. 

“Гералт од Ривија, осамен ловец на чудовишта, се обидува да го пронајде своето место во светот каде луѓето ќе се покажат како поопасни противници од чудовиштата. Но, кога судбината ќе го однесе до моќна магионичарка и млада принцеза со опасна тајна, тројцата ќе мораат да го пронајдат патот низ непријателскиот Континент“, се наведува во сценариото.



Спонзорирани линкови

Маркетинг