Еве кога навистина почнуваме да уживаме во одморот

Точка

01/07/2019

20:54

3.538

Големина на фонт

а а а

Го знаете она чувство кога се враќате од одмор, а имате чувство како да не сте биле? Тоа чувство е најсилно за викенд одморот, сметаат експертите.

Потребно нѝ е некое време да се оттргнеме од сите наши секојдневни обврски и размислувања за проблемите и да се опуштиме.

Истражувањето во кое учевствувале 2.000 Американци, на возраст од 25 до 55 години, покажало дека нивото на стрес останува исто кај оние кои на одмор одат пократко од три денови.


Имено, најмалку три денови се потребни за возрасна личност да почне барем малку да се опуша, е еден од заклучоците на истражувањето. Тоа има логика ако знаеме дека првиот ден немаме баш многу време за опуштање.

Вториот ден на повеќето им поминува во прилагодување на новото опкружување, после што може да почне процесот на опуштање. Сепак, многумина различно реагираат, па им е потребно подолго време за прилагодување кога се на годишен одмор. Речиси 35 отсто од испитаниците се изјасниле дека сакаат својот одмор да го поминат во опуштање и одмарање.


Некое авантуристичко патување ќе биде првиот избор за 38 отсто од испитаниците, а експертите советуваат дека е добро кога се комбинираат двете опции. Не е потребно да се исклучи едната или другата опција, можете да уживате комбинирајќи ги двете.




Спонзорирани линкови

Маркетинг