Славните дами полудеа по него: Накитот кој ги освои и Меган Маркл и Џиџи Хадид

Точка

01/07/2019

19:43

2.602

Големина на фонт

а а а

Брендот „Missoma London“ во 2018-та година беше 4-от најбрзорастечки бренд во Америка, а еве и зошто.

Денес накитот на „Missoma“ го обожуваат Џиџи Хадид и војвотката од Сасекс, но на брендот му требале неколку години за да постигне толкав успех. Според зборовите на неговата основачка, Маисе Хордерн, „Missoma London“ воопшто не било лесно да се направи популарен. Тој имено бил семеен бренд, накит кој се создавал за кујнска маса, во што помагале нејзината мајка и пријателките.


Потоа „Missoma“ го откриле инфлуенсерките, со кои оствариле и модни соработки. „Missoma“ станал “everyday“ бренд, а прстените многу брзо можеле да се видат и на раката на Меган Маркл. Тоа било доволно да станат и тоа како познати. Денес имаат педесеттина вработени и се преселуваат во ново, многу поголемо складиште и деловен простор.


Тајната на успехот на „Missoma“ секако е едноставноста и леснотијата за комбинирање, како и фактот дека пласирале идеален производ во време кога накитот со привезоци бил еден од најбараните на Инстаграм. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг