GTA 6 нѐ враќа во осумдесетите: Играта ќе биде инспирирана од серијата „Наркос“?

Точка

01/07/2019

17:40

2.199

Големина на фонт

а а а

Новото продолжение на една од најпопуларните видео игри на сите времиња – Grand Theft Auto 6 го носи кодниот назив Project Americas, а наводно е инспирирана од ТВ серијата „Наркос“ на Netflix.

Новата GTA 6 ќе биде сместена во Vice City и нова фиктивна локација која најверојатно ќе биде базирана на Рио Де Жанеиро. Некои мисии ќе се одвиваат и во Liberty City, но тие мисии, според гласините, нема да бидат „отворен свет“.

Играта наводно ќе биде сместена во 70-тите и 80-тите години од минатиот век, но нема да биде реалистична како Red Dead Redeption 2. Играчите ќе се појават во улога на Рикардо, лик кој се обидува да стане крал на дрогата, а покрај него како наративен лик ќе биде и Кејси.


Дел од играта ќе се одвива во огромен затвор, а фокусот ќе биде и на временските прилики, на ураганите, поплавите и слично. Како што пренесува “Games Radar”, од Rockstar ни подготвуваат и одличен саундтрак.



Спонзорирани линкови

Маркетинг