Му го заплениле автомобилот од 250 илјади долари само 10 минути откако излегол од продажниот салон

Точка

01/07/2019

16:31

3.216

Големина на фонт

а а а

На новопечениот сопственик на суперспортскиот McLaren 600LT, канадската полиција привремено му го одзела автомобилот поради пребрзо воззење.

39-годишниот возач од Ванкувер бил сопрен од полицијата поради пребрзо возење, само 10-тина минути откако го купил автомобилот од еден продажен салон. Полицијата утврдила дека возел со 161 км/ч на делница каде што ограничувањето било 90 км/ч, па скапоцениот автомобил му бил веднаш одземен на седум дена.


Освен тоа што некое време нема да може да ужива во својот нов автомобил, сопственикот на McLaren 600LT чија што почетна цена изнесува 250 илјади долари, ќе мора да плати и парична казна за брзо возење во износ од 368 долари.


Инаку, McLaren 600LT дебитираше минатото лето. Овој суперавтомобил располага со 3,8-литарски bi-turbo V8 мотор кој развива 600 коњски сили и има максимален обртен момент од 620 Nm. Автомобилот од 0 до 100 километри на час развива за само 3,2 секунди, додека за 200 км/ч му се потребни 9,5 секунди. Максималната брзина изнесува 328 км/ч.



Спонзорирани линкови

Маркетинг